ПЛИВАЊЕ СП: Рекорд на шампионатите за Кејт Даглас, Американската штафета на 4х200 остана без медал

Американката Кејт Даглас стигна до златото на 200 метри градно со нов рекорд на шампионатите од 2:18.50 минути. Сребрениот медал и припадна на Русинката, Евгенија Чикунова, додека бронзата ја поделија Кејлин Корбе од ужна Африка и Алина Змушка од Белорусија.

Најголемото изненадување се случи во машката штафета на 4х200 метри слободно каде САД остана без медал освојуваќи го само четвртото место. Златото и припадна на Велика Британија, пред Кина и Австралија.

Неверојатниот Унгарец Хуберт Кос со нов европски рекорд од 1:53.19 минута славеше на трката на 200 метри грбно. Второто место со африкански рекорд 1:53.36 минута го освои Питер Геце од Јужна Африка, додека со бронза се закити Јохан Ндуе Бруа од Франција.

На трката на 100 метри слободно кај дамите Холанѓанката Стенбергер славеше пред Моли Окалахан од Австралија и Тори Хаски од САД.

На 200 метри градно Кинезот, Хејанг Кин ја одбрани титулата, пред второпласираниот Ипеј Ватанабе од Јапонија, додека бронза освои Каспар Корбо од Холандија.

Се вчитува...