Неверојатната Самер Мекинтош стигна и до третиот златен медал на Мундијалот откако славеше на трката на 200 метри пеперутка со нов рекорд на шампионатите.
Канаѓанката делницата ја исплива за време од 1:51.99 минута што е второ најдобро време во историјата, 18 стотинки послабо од светскиот рекорд на Кинезинката Лиу Зиге. Сребрениот медал го освои Американката Реган Смит, додека со бронза се закити Австралијката Елизабет Декерс.
Рекорд на шампионатите и ново најдобро остварување во Европа на сите времиња постави Давид Поповичи кој славеше на трката на 100 метри слободно (46.51). Среброто му припадна на Џек Алекси од САД, додека со бронза се закити Кајл Чалмерс од Австралија.
По светскиот рекорд вчера во полуфиналето, Леон Маршан стигна до златниот медал на 200 мешано. Среброто му припадна на Шејн Касас, додека со бронза се закити Хуберт Кос од Унгарија.
Еден два победа за Американките на 50 грбно. До златото стигна Беркоф, пред сонародничката Смит, додека бронзата ја освои Кинезинката Ван.
Во штафетната трка на 4х200 метри слободно кај дамите златото го освои Австралија, пред САД и Кина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

