Пливањето се дави: ФИНА го признава Маленко, државата го „запиша“ Филипчев

ФИНА е во заблуда околу легитимитетот на раководството на Пливачката федерација на Македонија. Тие не биле двојна или паралелна федерација туку се работи за истиот субјект за кој Александар Маленко вели и дека и натаму е претседател. Тој ја има поддршката од ФИНА и од Лен. Неговите противници пак објаснуваат дека поради незавршените бирократски работи, преводи на документација и слично, меѓународните организации не се во тек со реалните случувања.

Претседателот на Националната пливачка федерација, како што според едниот табор е новото име, Александар Филипчев на прес конференција зборуваше за актуелниот случувања како и за плановите за активности на федерацијата.

Александар Маленко пак вели дека федерација е преименувана во Пливачка федерација на Северна Македонија. Тој има документи од меѓународните институции кои му го признаваат легитимитетот.

 

 

Околу случајот со младата пливачка Миа Блажевска Еминова двете страни имаа сосема различни приказни. Протвниците на Малнко велта дека ФИНА мометнално била во заблуда и дека поради него тренерот Илија Стојановски се соочил со дисквалификација и предвремено напушптање на Медитеранскиот КОМЕН Куп во Бургас.

Маленко пак од друга страна тврди дека тој алармирал оти Блажевска Еминова треба да настапи како претставничка на Пливачката федерација на Северна Македонија и дека само поради неговата дозвола таа добила можност да се натпреварува.

 

Се вчитува...