Познат како еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот… Со Реал и со Бразил освои се што може да се освои, но за малкумина е познато дека сепак на едно друго поле се неговите најголеми трофеи.
Роберто Карлос да Силва Роча во 44-та година од животот стана татко на малата Марина. Сето тоа и не би било така интересно, ако не се знае дека тоа е неговото дури деветто дете!
Од претходниот брак со поранешната супруга Адриана има три деца, ќерките Роберта и Џована, како и синот Роберто Карлос Јуниор, кој е посвоен.
Но, плодниот Роберто не застанал тука, па се впушти во вонбрачни врски со четири жени и од сите четири има различни синови, Карлос Едуардо, Кристофер, Жуниор и Лука.
Таквото темпо очигледно го исцрпело, па затоа се вратил на мирните брачни води. Се жени со Мариана, со која од пред пет години ја има ќерката Манеула, а сега и второто свое дете од овој брак, Марина.
Откако на 39 години ја заврши својата кариера, Роберто Карлос работеше како тренер од Дагестан до Индија, а сега е амбасадор на Реал Мадрид и аналитичар на клупската телевизија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА