ПЛЖ: Бадел 1862 „царува“ на „Западот“, Работнички го доби дербито против Струга

Изминатиот викенд во Првата кошаркарска лига во женска конкуренција беа одиграни четири од предвидените пет натпревари од 12. коло по кои кошаркарките на Бадел 1862 останаа непоразени на „Западот“, додека дербито на колото им припадна на кошаркарките на Работнички кои славеа над Струга 2009.

Во групата „Исток“ беше одигран само дуелот помеѓу МЗТ Скопје и Про Баскет по кој на победа од 54-61 (9-12, 13-14, 20-18, 12-17) се радуваше гостинскиот состав. Покрај овој во истата група беше одигран и заостанатиот натпревар од петото коло во кој Баскет КАМ стигна до убедлива победа од 66-89 над Вардар и остана непоразен на врвот на табелата.

Во групата „Запад“ беа одиграни сите три натпревари по кои Бадел 1862 стигна до седмата победа во исто толку натпревари, откако славеше на гостувањето против Пантери со 32-90 (7-20, 10-23, 12-20, 3-27). Дербито на колото му припадна на составот на Работнички кој славеше над Струга 2009 со убедливи 58-38 (14-10, 17-7, 10-12, 17-9).  До победа стигна и Трокал кој го одбрани домашниот терен од Гостивар 2009 со 55-43 (12-14, 14-10, 9-15, 20-5).

 

Се вчитува...