Фудбалерите на АП Брера денеска на домашен терен со нов тренер во името на младиот македонски стратег Мартин Алаѓозовски ќе го пречека Шкупи во меч на двата тима кои се уште немаат победа во новата сезона во ПМФЛ. Шкупи има проблеми откако во првите натпревари мораше да игра со младинци, а мечот со Силекс го изгуби службено бидејќи стадионот во Чаир не исполнуваше услови за ВАР системот.
Од друга страна и АП Брера се мачи на почетокот на сезоната. По слабиот старт и освојувањето на два бода во првите четири меча оставка си поднесе Панче Стојанов, а на негово место на клупата на струмичани дојде Мартин Алаѓозовски.
Во вториот натпревар од денешната програма од петото коло Силекс ќе се обиде да го продолжи максималниот учинок во мечот на домашен терен против Работнички.
И двата меча се со почеток во 15.30 часот.
ВЧЕРА:
ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ 2-1
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
ДЕНЕСКА (13 септември)
(15.30) АП БРЕРА – ШКУПИ
(15.30) СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
НЕДЕЛА (14 септември)
(15.30) СТРУГА – ТЛ ТИКВЕШ
(19.00) ПЕЛИСТЕР – АРСИМИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

