Работнички и Шкендија одиграа без голови 0-0 во дербито на 13. коло во Првата македонска фудбалска лига. Двата тима на арената „Тодор Проески“ ни покажаа многу борба, но како да беа задоволни со освоениот бод со кој Работнички останува лидер на табелата, додека Шкендија го прати во чекор.
Актуелниот шампион Струга ТЛ славеше на гостувањето кај Беса со 1-2. Откако по 45 минути мируваа мрежите водство за домаќините донесе Башки Велија во 49. минута. Со прекрасен еврогол од слободен удар Стефан Јевтоски израмни на 1-1 во 63. минута, а само една минута подоцна Кехинде стрелаше за 1-2.
Гостивар славеше на гостувањето кај Шкупи со минимални 0-1. Голот вреден три бода за гостинот го постигна Елвис Машуке во 68. минута.
До минимална победа од 0-1 стигна и Силек на гостувањето кај АП Брера. Едиствениот погодок на мечот го постигна Бојан Рајков во 12. минута. Воска и Тиквеш во Охрид одиграа без голови 0-0.
Вечерва од 19 часот во дербито на Македонија Пелистер на домашен терен ќе го пречека Вардар, меч со кој ќе се заокружи 13. рунда во ПМФЛ.
ПМФЛ, 13. КОЛО
ДЕНЕСКА 13:00 ЧАСОТ
Струмица: АП БРЕРА – СИЛЕКС 0-1
Гостивар: БЕСА – СТРУГА ТЛ 1-2
Скопје, нац. Арена: РАБОТНИЧКИ ШКЕНДИЈА 0-0
Скопје, Чаир: ШКУПИ – ГОСТИВАР 0-1
Охрид: ВОСКА СПОРТ – ТИКВЕШ 0-0
ДЕНЕСКА 19:00 ЧАСОТ
Битола: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА