ПМФЛ: Битка за титулата – чин број 1!

Битката за титулата никогаш не била понеизвесна и поинтересна отколку во оваа 2023/24 сезона, затоа што три тима со ист број на бодови влегуваат во финалните три пресметки.

Првата епизода од битката за титулата се случува денеска во 17 часот каде на преполниот Чаир ќе се сретнат Шкупи и Шкендија. Еден од овие ривали кои ќе бидат поразени ќе ги намалат шансите за освојување на титулата. Шкупи се реши да ги отвори вратите на стадионот „Чаир“ па така се очекуваат полни трибини.

„Не очекува тежок натпревар со оглед на тоа што на последниот дуел не го добивме тоа што го баравме. Но во секој случај ние сме максимално подготвени и се надеваме на позитивен резултат против Шкендија. Имаме предвид дека до крајот на првенството остануваат уште само три натпревари и се зависи од нас. Се надевам дека со помош на нашите навивачи „Шверцери“ и сите навивачи кои ќе бидат на трибините во сабота, ќе го добиеме натпреварот против Шкендија и трите бода ќе останат во Чаир“ , изјави голманот на чаирскиот клуб Иљази.

„За нас ова е многу важен меч и после победата над Брера, продолжуваме во ист ритам и сакаме победа и над Шкупи. Подготвени сме да дадеме се од себе и да ја продолжиме победничката серија“, рече играчот на Шкендија, Енур Тотре.

Од друга страна ситуацијата ја следи Струга ТЛ која посакува победа над Гостивар на домашен терен, но и чека „реми“ на Чаир, резултат кој најмногу му одговара.

Ако битката за титулата е „пеколна“, тогаш битката за опстанок е се чини решена, а денеска може да биде и завршена. Се чини дека во второлигашката конкуренција ќе се преселат Брегалница и Македонија ЃП, а Вардар преку баражот ќе бара нов прволигашки статус.

ПМФЛ, 31. КОЛО

ДЕНЕСКА, 17 ЧАСОТ

Турново: АП БРЕРА – БРЕГАЛНИЦА

Скопје, Нац. Арена Тодор Проески: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ

Скопје, Чаир: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА

Струга: СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР

Скопје, стадион „Борис Трајковски“: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП

Охрид: ВОСКА СПОРТ – СИЛЕКС

ТАБЕЛА:

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...