ПМФЛ: Брегалница по ремито со Шкендија мотивирана и за Силекс, „пандевци“ и „лавовите“ мора да победат

Со четири натпревари денеска ќе стартува 11. рунда во Првата македонска фудбалска лига. Во најинтересниот натпревар во Штип, Брегалница ќе го пречека Силекс.

По одличната игра на претходниот дуел против Шкендија во Тетово, избраниците на Илчо Ѓорѓиоски посакуваат продолжување во ист стил и против Силекс, кој игра одлично на стартот од новата сезона издвојувајќи се во самиот врв на табелата. Голманот Немања Шчекиќ е еден од најдобрите поединци на Брегалница низ досегашните десет рунди од шампионатот, за што потврда се само седумте примени голови.

„Одигравме навистина квалитетен натпревар против една од најдобрите екипи во лигата Шкендија, и тоа сигурно носи дополнителен мотив кај секој од нас за следните натпревари. Не очекува уште еден тежок натпревар, сега против Силекс. Но, веруваме во себе, мислам дека навлегуваме во посакуваниот ритам и со поддршка од навивачите сигурно сакаме цел плен од денешниот дуел“ – вели Шчекиќ.

Во Ѓорче Петров домашниот тим на Македонија ќе биде голем фаворит на мечот против „фенерџијата“ Скопје, додека Работнички кој е во налет по смената на тренерската позиција ќе ја пречека тетовска Шкендија.

Во последниот натпревар од денешната програма Победа во Прилеп ќе се сретне со струмичка Академија Пандев. Дербито од оваа рунда во која актуелниот шампион Шкупи ќе го пречека лидерот Струга Трим Лум кој се уште е непоразен.

Слободен е тимот на Тиквеш.

ПМФЛ 11. КОЛО: (14.00) 

ШТИП: БРЕГАЛНИЦА – СИЛЕКС 

СКОПЈЕ: МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ

ПРИЛЕП: ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ

СКОПЈЕ: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

УТРЕ: (14.00) 

СКОПЈЕ: ШКУПИ – СТРУГА ТЛ

СЛОБОДЕН: ТИКВЕШ

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...