Со пет натпревари денеска ќе биде комплетирано 21. коло во Првата македонска фудбалска лига. Најинтересно се очекува да биде на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари каде Гостивар ќе го пречека Работнички.
Фудбалерот на Работнички, Бесир Демири даде најава за дербито на колото.
„Не очекува дерби натпревар против тимот на Гостивар и ние сме подготвени за предизвикот. Имаме респект за противникот, тие имаат квалитетен и многу искусен тим, ама и ние имаме свои цели и доколку сакаме да останеме конкурентни во трката за шампионската титула треба да освојуваме бодови на секој натпревар. Веруваме во позитивен епилог, а тоа секако е триумф“, изјави Демири.
Лидерот Шкендија на домашен терен ќе го пречека Тиквеш, додека Илчо Ѓорѓиоски своето деби на клупата на шампионот Струга ТЛ ќе го има на гостувањето во Кратово кај Силекс. Шкупи на Чаир ќе го пречека Пелистер, додека АП Брера ќе и гостува во Охрид на Воска.
Вчера во премиерниот меч од ова коло Вардар и Беса одиграа без голови 0-0.
ПРВА ЛИГА – 21. КОЛО (денеска, 14 ч.)
ДЕНЕСКА:
Тетово: ШКЕНДИЈА – TИКВЕШ
Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ
Скопје: ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
Охрид: ВОСКА – АП БРЕРА
Скопје: ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР
ВЧЕРА:
Скопје: ВАРДАР – БЕСА 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

