ПМФЛ: Минималец на Работнички со Силекс, победи и на Струга и Шкендија, голеада без победник меѓу Шкупи и Воска

Струга Трим Лум со минимална победа од 1-0 против освојувачот на Националниот куп, Тиквеш ја почна одбраната на титулата во ПМФЛ. Стрелец на победничкиот погодок за Струга беше Компаоре. Со ист резултат триумфираше и Работнички против Силекс на домашен терен. Херој за тимот од „Дебар маало“ беше Дејли во судиското надополнување во првото полувреме.

Шкендија имаше најдобар настап на првиот ден од годинашната сезона откако славеше на гостувањето кај новајлијата Беса со 1-3. Фитон Адеми донесе водство за Шкендија од 0-2 со головите во 11. и 21. минута. До крајот на првиот дел домаќините намалија на 1-2 преку Селмани во 35. минута. Конечните 1-3 беа дело на Бесарт Ибраими кој направи кам-бек во тимот од Тетово во 62. минута.

Вистинска голеада ни приредија Шкупи и Воска кои одиграа без победник 3-3. Воска имаше предност и од 1-3, но домаќините во финишот успеаја да стигнат до реми од 3-3. Стрелци на головите за Шкупи беа: Ибише, Гуеј и Едмундсон, додека за Воска Јахја, Осеи и Ибраими.

Без победник заврши и мечот меѓу Пелистер и Гостивар. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Потук во 36. минута, додека конечните 1-1 ги постави Ристевски во првата минута од судиското продолжение во првиот дел.

СИТЕ ГОЛОВИ ВО 1. КОЛО ВО ПМФЛ

ШКУПИ – ВОСКА СПОРТ

БЕСА – ШКЕНДИЈА

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС

ПЕЛИСТЕР – ГОСТИВАР

СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ

Се вчитува...