ПМФЛ полувреме: Шкендија и Вардар со предност против АП Брера и Силекс (ВИДЕО)

Вардарци тргнаа офанзивно, но не ги искористија своите шанси, а ги имаа добри три. Во 9. минута преку Цветковиќ, откако Бутуровиќ спасуваше од гол линијата. Потоа истиот играч во 11. минута, но одбрани Џеков во корнер, а од изведениот удар од аголот, Дарко Велковски со глава ја погоди стативата.

Потоа следуваше и црвениот картон на Додев (втор жолт), и тоа Вардар успеа да го материјализира со предност во 45. минута.  Цветковиќ доби топка од Велковски, одлично ја прими, и успеа да се снајде и да излезе сам пред Џеков, и да го совлада. Претходно Закариќ ја погоди пречката од голот на Силекс, а Николов имаше убава шанса.

Во Тетово води Шкендија во дуелот со АП Брера 1-0. Иако тетовскиот тим има играч помалку по црвениот картон на Фетаи во 16. минута, сепак, во 33. минута Красниќи на додавање на Ибраими, успеа да постигне гол. Претходно АП Брера ја погоди стативата.

Се вчитува...