Стототстотниот досега Силекс по првиот дел на домашен терен има предност од 1-0 против Работнички во натпревар од 5. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Домаќините го имаа поседот во првите половина час, но не успеаја да ја материјализираат добрата игра. Најголемата шанса за гостите во првото полувреме ја имаше Кадриу кој во 32. минута не успеа да ја затресе мрежата на Силекс на празен гол. До крајот на првиот дел кратовци сепак стигнаа до водство од 1-0 со голот на Хрвановиќ во 43. минута. Проблем за домаќините во првиот дел претставуваше тоа што првиот голман на тимот Џеков со амбулатно возило го напушти теренот.
На вториот натпревар од денешната програма (АП Брера – Шкупи) по 45 минути е 0-0. Шкупи поведе со 0-1 преку Муарем во 16. минута, но по проверка на ВАР неговиот погодок беше поништен поради офсајд.
ПМФЛ 5. КОЛО:
ВЧЕРА:
ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ 2-1
ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
ДЕНЕСКА (13 септември)
(15.30) АП БРЕРА – ШКУПИ 0-0
(15.30) СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 1-0
НЕДЕЛА (14 септември)
(15.30) СТРУГА – ТЛ ТИКВЕШ
(19.00) ПЕЛИСТЕР – АРСИМИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

