ПМФЛ прво коло: Мегдан на шампионот и Куп освојувачот, Вардар гостува во Струмица (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во просториите на „Куќата на фудбалот“ денеска се одржа извлекувањето на паровите за новата натпреварувачка сезона 2024/25 во Првата македонска фудбалска лига.

Елитниот македонски фудбал и во новата сезона ќе го сочинуваат дванаесет екипи, а дел од неа ќе бидат и повратникот Пелистер и дебитантот Беса.

Новата сезона започнува на десетти август со натпреварите помеѓу:

Струга – Тиквеш
Беса – Шкендија
Работнички – Силекс
АП Брера – Вардар
Пелистер – Гостивар
Шкупи – Воска Спорт

Форматот на натпреварување останува ист со тоа што двете најслабо пласирани екипи ќе испаднат во понизок ранг, а десеттопласираната екипа ќе игра плеј-оф натпревар на неутрапен терен со третопласираната екипа во Втората фудбалска лига.

 

Се вчитува...