Фудбалерите на Работнички славеа со 0-1 во малото скопско дерби на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров во меч од 14. коло во Првата македонска фудбалска лига. Победа за гостите од „Дебар маало“ донесе Камерунецот, Гандо во 53. минута кој на интересен начин го прослави погодокот против „лавовите“.
Во вториот дуел од денешната програма Силекс го совлада Шкупи со 2-1. Гостите стигнаа до водство од 0-1 со автоголот на српскиот интернационалец Николиќ во 12. минута од натпреварот. Србинот се извади за грешката само пет минути подоцона откако израмни на 1-1. Домаќините дојдоа до целосен пресврт со погодокот на Каланоски во 41. минута. До крајот на мечот гостите останаа и со играч помалку, откако втор жолт картон доби Дарко Илиески.
Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ 2-1
Скопје: ВАРДАР – ВОСКА СПОРТ 1-2
Речица: ГОСТИВАР – БРЕГАЛНИЦА 1-0
Струмица: АП БРЕРА – СТРУГА ТЛ 2-0
Тетово: ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 1-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА