Силекс и после мечот со Пелистер, и натаму нема триумф на домашен терен оваа година. Кратовскиот тим одигра без голови против Пелистер во пресметката од 23. коло во ПФМЛ.
Во првиот дел Пелистер беше подобар противник и имаше две шанси преку Булатовиќ и Спировски, но Џеков ја сочува мрежата, а Донов се закани кај кратовскиот тим, меѓутоа Јовчевски одбрани.
Во вториот дел Пелистер продолжи со шансите, Булатовиќ одново се закани, па Ивановски, во двата наврати одбрани Џеков. Следуваа минути за Силекс кога се закануваа преку Алиќ и Мишов кои не успеаја да го погодат голот, а потоа Јовчевски одлично го одбрани ударот на Николовски, па така двајцата голмани не дозволија да има гол во нивната мрежа.
Во Куманово, Работнички успеа да го добие мечот со Башкими, и така да остане во надеж дека може да опстане во ПМФЛ. „Романтичарите“ славеа триумф од 1-2. Мухарем во 11. минута, и Талаков донесоа предност од 0-2. Алексовски ја намали разликата, а вистински херој на гостите е голманот Ондоа кој успеа да одбрани неколку обиди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

