Со два натпревари денеска се отвора 21. коло во Првата македонска фудбалска лига. Актуелниот шампион Шкупи во Кичево ќе ја пречека струмичка Академија Пандев.
Шампионот минатата недела во Кратово доживеа неочекуван пораз од Силекс од 2-1, па во мислите на Гоце Седлоски и неговите избраници на овој меч е само победа. „Академците“ по катастрофалниот есенски дел од сезоната со многу ентузијазам влегоа оваа пролет откако во првиот нивни натпревар славеа на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров со 0-1.
Во вториот денешен натпревар во малото „скопско дерби“ Работнички ќе му биде домаќин на Скопје на стадионот во Велес. И двата меча се со почеток во 14 часот.
ПМФЛ 21. КОЛО:
САБОТА (14 часот):
ШКУПИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ
НЕДЕЛА (14 часот):
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА
МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
ПОБЕДА – СИЛЕКС
СЛОБОДНА: СТРУГА ТЛ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА