ПМФЛ: Силекс го реши и Работнички за „пет од пет“, минималец на АП Брера против Шкупи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Силекс продолжуваат со одличните партии во новата сезона во Првата македонска лига, откако денеска и во петиот натпревар сезонава стигнаа до петтата победа славејќи на домашен терен против Работнички со 3-1.

Домаќините го имаа поседот во првите половина час, но не успеаја да ја материјализираат добрата игра. Најголемата шанса за гостите во првото полувреме ја имаше Кадриу кој во 32. минута не успеа да ја затресе мрежата на Силекс на празен гол. До крајот на првиот дел кратовци сепак стигнаа до водство од 1-0 со голот на Хрвановиќ во 43. минута. Проблем за домаќините во првиот дел претставуваше тоа што првиот голман на тимот Џеков со амбулатно возило го напушти теренот.

На 2-0 зголеми Алиќ во 61. минута. Гостите со својот прв гол сезонава кој го постигна Асани во 79. минута намалија на 2-1, додека конечните 3-1 ги постави Давид Матески во 92. минута.

На вториот натпревар од денешната програма АП Брера славеше на домашен терен против Шкупи со минимални 1-0. Шкупи поведе со 0-1 преку Муарем во 16. минута, но по проверка на ВАР неговиот погодок беше поништен поради офсајд.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 85. минута кога конечните 1-0 ги постави Давчев.

ПМФЛ 5. КОЛО:

ВЧЕРА: 

ШКЕНДИЈА – БАШКИМИ 2-1 

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0

ДЕНЕСКА (13 септември)

(15.30) АП БРЕРА – ШКУПИ 1-0

(15.30) СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 3-1

НЕДЕЛА (14 септември)

(15.30) СТРУГА – ТЛ ТИКВЕШ 

(19.00) ПЕЛИСТЕР – АРСИМИ 

Се вчитува...