После поразот од Брегалница на свој терен, Силекс го почнува третиот круг со дуел против Скопје, кој жестоко се бори за својот опстанок во Првата лига. „Кратовци“ важат за големи фаворити, но „пиратите“ со Мирсад Јонуз на клупата му извлече бод на тимот на Македонија ЃП и покажа дека може да прави многу проблеми.
Силекс со три бода останува во трка за третото место, каде што во моментов Шкендија им бега на три бода. Скопје, пак, има само еден бод повеќе од прилепска Победа на претпоследната позиција, и евентуална победа ќе ги зголеми нивните шанси за опстанок, иако за Скопје ќе биде поволно и преку баражот да се борат за останување во прволигашката конкуренција.
Со овој натпревар почнува последниот круг во првенството, кое ќе биде решавачко за титулата. Утре се играат останатите четири мечеви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА