ПМФЛ: Струга ќе преноќи на врвот, Тиквеш ја зголеми мизеријата на Работнички

Струга ТЛ ќе мине најмалку 24 часа на врвот на прволигашката табела откако стружани попладнево славеа на гостувањето во Скопје против Македонија ЃП со 0-2.

Фаворитската улога беше оправдана со по еден гол во двете полувремиња, Роки постигна убав погодок за водство од 0-1 во првото полувреме, а конечните 0-2 ги постави Компаоре од пенал во 62. минута, со што стружани сега имаат два бода предност во однос на Вардар, кој утре ќе го игра вечното дерби со Пелистер во Битола.

Тиквеш дојде до огромни бодови во битката на дното, на гостински терен славејќи над Работнички со 0-2. Кавадарчани имаа само еден гол на претходните пет гостувања сезонава, но попладнево постигнаа два, и тоа во второто полувреме преку Миловановиќ и Стојкоски.

Мизеријата на Работнички беше надополнета со промашениот пенал на Асани во финишот, со што „романтичарите“ останаа на претпоследното место на табелата, со седум бода по првите 12 рунди.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...