Со пет натпревари денеска ќе почне третата одлучувачка рунда во Првата македонска фудбалска лига. Најинтересно се очекува да биде во Кратово каде домашниот Силекс кој се бори за титулата ќе го пречека најтрофејниот Вардар кој игра феноменално на стартот на пролетниот дел од сезоната.
Лидерот Шкендија по болниот пораз од Струга ТЛ сака да се врати на победите на домашен терен против Пелистер. Гостивар ќе ја пречека АП Брера во Маџари. Шкупи ќе игра против Беса, додека актуелниот шампион Струга во „езерското дерби“ ќе се сретне со Воска.
Колото ќе се затвори со утрешниот меч меѓу Работнички и Тиквеш.
ПРВА ЛИГА – 23. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР
Скопје: ГОСТИВАР – АП БРЕРА
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА
Скопје: ШКУПИ – БЕСА
УТРЕ 14.00 ЧАСОТ:
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

