Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ќе се обиде одличната серија во пролетниот дел од сезоната во Првата македонска лига да ја продолжи на гостувањето кај Воска во Охрид.
Најинтересно во оваа 28. рунда се очекува да биде на Чаир каде ќе се сретнат Шкупи и кратовски Силекс. Интересно се очекува да биде и во Струга каде домашниот Трим Лум ќе го пречека Гостивар.
Лидерот на табелата во ПМФЛ, Шкендија ќе и гостува на Беса, а во битката за опстанок меѓусебен дуел за важни бодови ќе имаат Тиквеш и АП Брера. Работнички на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека битолски Пелистер.
ПРВА ЛИГА – 28. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Струга: СТРУГА ТЛ – ГОСТИВАР
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС
Гостивар: БЕСА – ШКЕНДИЈА
Охрид: ВОСКА – ВАРДАР
Кавадарци: ТИКВЕШ – АП БРЕРА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА