ПМФЛ: Вардар и Воска во Маџари одлучуваат за опстанок во елитата

Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар денеска во 28. коло на привремениот домашен терен стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје ќе ја пречека Воска во директниот дуел за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Овој натпревар е од клучно значење за двата тима бидејќи со победа и дефинитивно еден од двата противника ќе ги разреши сите дилеми околу својот опстанок во елитата и следната сезона.

Македонија ЃП остана без трофејот од Купот. После две сезони, го предава пехарот на некоја од екипите на Тиквеш и Воска Спорт кои се пласираа во финалето. „Лавовите“ сега ќе треба да се борат за опстанок во финишот од првенството, а денеска на гости им доаѓа шампионот – Струга ТЛ. Дефанзивецот Коста Манев вели дека бодовите по секоја цена мора да останат во Ѓорче.

„Немаме време да жалиме за Купот, ќе го извлечеме позитивниот резултат кој го остваривме на реваншот, и со таква позитивна мисла влегуваме во борба за нјови бодови во првенството. Струга ТЛ покажа дека е ранлива, затоа во недела по секоја цена бодовите мора да останат во Ѓорче“, најавува Манев.

ПРВА ЛИГА – 28. КОЛО

ДЕНЕСКА 16 ЧАСОТ:

ВАРДАР – ВОСКА

ГОСТИВАР – АП БРЕРА 

МАКЕДОНИЈА ЃП – СТРУГА ТЛ 

СИЛЕКС – ШКУПИ 

ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА

ВЧЕРА

БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ 0-1
Гандо 69′

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...