ПМФЛ: Вардар му гостува на Тиквеш, шампионот ќе го пречека Шкупи

Шест натпревари ќе бидат денеска како дел од понудата од шестото коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Дербито ќе се игра во Струга каде што актуелниот шампион ќе го пречека Шкупи.

Интересно се очекува да биде и во Кавадарци, каде најтрофејниот клуб Вардар ќе му гостува на Тиквеш. И двата тима се во лош резултатски ритам па пораз на овој меч само ќе ги зголеми проблемите.

По катастрофата во купот и поразот од Шкендија Арачиново, Работнички ќе се обиде да се врати на победничките патеки на дуелот против АП Брера. Сите три меча дома, „романтичарите“ ги решија во своја корист, со надеж дека така ќе биде и денеска.

„На петте првенствени натпревари немаме пораз и би сакале да го задржиме курсот. Доживеавме непријатна елиминација во Купот, па секако дека би сакале сега веднаш да се вратиме на победнички патеки. Го респектираме тимот на Брера, се работи за квалитетен тим, сега имаат и нов тренер и сигурно дека ќе бидат максимално мотивирани на утрешниот меч. Но, и ние веруваме во нашите квалитети сакаме да ги освоиме трите бода“, изјави Гандо. 

Во останатите мечеви се среќаваат: Беса – Пелистер, Шкендија – Воска и Силекс  – Гостивар.

ПМФЛ 6. КОЛО 15.00: 

ТИКВЕШ – ВАРДАР 

СТРУГА – ШКУПИ 

РАБОТНИЧКИ – АП БРЕРА 

БЕСА – ПЕЛИСТЕР 

ШКЕНДИЈА – ВОСКА 

СИЛЕКС – ГОСТИВАР 

Standings provided by Sofascore

 

 

Се вчитува...