ПМФЛ: Вечното дерби под рефлектори на „Тумбе кафе“, Работнички ја пречекува Шкендија

Со шест натпревари денеска ќе се комплетира 13. коло во Првата македонска фудбалска лига. Вечното дерби меѓу Пелситер и Вардар е закажано за 19 часот на стадионот под „Тумбе кафе“ во Битола, на кој за првпат во историјата ќе блеснат и новите рефлектори. Мечот е со почеток во 19 часот.

Работничкина домашен терен ќе ја пречекаат тетовска Шкендија на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Фудбалерот на домашните Егзон Белица пред денешниот меч вели дека го почитува противникот, но дека целта на Работнички е победа на овој меч.

„Денеска не очекува нов дерби натпревар. Шкендија е квалитетен тим, ја заслужува нашата максимална почит, но ние сакаме победа и три бода. Играме на домашен терен и веруваме дека можеме да стигнеме до успех. Доколку ја наметнеме нашата игра и ги испочитуваме плановите на стручниот штаб, се надеваме дека на крајот ќе се радуваме“, изјави Белица. 

ПМФЛ, 13. КОЛО

ДЕНЕСКА 13:00 ЧАСОТ

Струмица: АП БРЕРА – СИЛЕКС 

Гостивар: БЕСА – СТРУГА ТЛ 

Скопје, нац. Арена: РАБОТНИЧКИ ШКЕНДИЈА

Скопје, Чаир: ШКУПИ – ГОСТИВАР

Охрид: ВОСКА СПОРТ – ТИКВЕШ 

ДЕНЕСКА 19:00 ЧАСОТ

Битола: ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...