По 12 дена под рушевините во Турција пронајден Кристијан Атсу, за жал епилогот е трагичен

Конечно во рушевините во Турција, по страотниот земјотрес, по цели 12 дена пронајдено е телото на репрезентативецот на Гана, Кристијан Атсу.

Долго се трагаше по него за да конечно е пронајден, но се се заврши на трагичен начин. Дека е пронајдено неговото тело потврди и менаџерот на досегашниот фудбалер на Хатајспор.

Ден по земјотресот беше пренесена информација дека Атсу е пронајден жив, но набрзо тие вести беа демантирани. Пред неколку дена се појави и информација дека ноќта кога се случил земјотресот ја откажал авионската карта и тоа по постигнатиот гол во турскиот шампионат на својот последен натпревар.

„Разговараше со тренерот барајќи слободни денови пред мечот со Газијантеп. Планираше да го напушти клубот ако најде друга екипа, па неговото барање го прифати тренерот Волкан Демирел и не играше против Газијантеп. Требаше да оди во Франција да се приклучи на семејството, но како одигра добро и постигна гол на следниот меч со Кашимпаша, ја откажа авионската карта. Земјотресот се случи истиот ден по мечот. Имаше лет во 23 часот, но го откажа во последен момент, па земјотресот беше утрото во 4 часот“ – соопшти директорот на Хатајспор, Фатих Илек.

Ишак Твасам, братот на сега веќе загинатиот фудбалер, со денови чекаше пред рушевините со надеж дека неговиот брат ќе биде извлечен жив. Но, сепак, оваа приказна заврши со најтажниот можен епилог.

Атсу имаше 31 година, а пред Хатајспор настапуваше и за Њукасл и Челси. За Гана има 65 репрезентативни настапи.

Се вчитува...