По 15 години повторно во Бразил: Диего Коста си најде нов клуб

По првиот дел од сезоната во Шпанија, Диего Коста реши да побара средба со челниците на мадридскиот клуб. Тој ги изненади со барање да го раскине договорот, тие се согласија и му излегоа во пресрет, па беше договорено раскинување на меѓусебната соработка. Својата иднина контроверзниот напаѓач ја гледа во Бразил, па токму во оваа земја и ќе продолжи да игра фудбал.

Според информациите од Бразил, Коста преговара со нов клуб, а станува збор за Палмеирас со кого тој треба да потпише двегодишен договор. Диего во овој клуб ќе заработува околу три милиони евра годишно, па реши да се врати во Бразил по повеќе од една деценија, иако се поврзуваше со клубови од Турција, Катар и Саудиска Арабија.

Коста ќе се врати во родниот Сао Паоло по 15 години кога го напушти Бразил и потпиша за Брага.

Се вчитува...