Шпанскиот кошаркар Рики Рубио ова лето нема да ги „закачи патиките“ и ќе ја продолжи својата кариера. Тој ќе остане во Шпанија, но нема да настапува за Барселона, туку ќе се врати во тимот од каде што започна Хувентуд.
Рубио ја прифатил понудата на неговиот поранешен клуб што значи дека одново ќе го носи „зелено-белиот“ дрес како во периодот од 2005 до 2009 година.
Зад сега 33-годишникот е богата кариера во која настапуваше и за Барселона, Минесота, Јута, Феникс и Кливленд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

