По речиси 15 месеци откако доби отказ од местото извршен директор на Баерн, Оливер Кан отворено проговори за причините за разделба со најславниот германски клуб.
Кан тогаш доби „тешки удари“ од својот клуб кој најпрво му забрани да ја гледа борбата за титула во последното коло од сезоната 2022/23 против Келн, а потоа и не му даде можност за мечот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Сега, кога се е зад него, Кан без многу возбудувања вели дека сето тоа било дел од фудбалската работа.
„Тоа е дел од оваа работа. Хасан Салихамиџиќ и јас точно знаевме што правиме, дадовме се за овој клуб. Промените на менаџерско ниво, а посебно кога ќе се смени претседателот на Управата на клубот, носат и понатамошни промени на пониските нивоа. И тоа е се што би кажал за моето минато на директорската позиција во Баерн“ – вели Кан во интервју за „Кикер“.
На критиките дека тој и Салихамиџиќ дозволувале високи плати, Кан со детално објаснување што се случувало.
„Платите секогаш беа договарани и одобрувани со финансискиот директор и надзорниот одбор. Структурата на платите во клубот остана конкурентна со другите врвни европски клубови. Тоа беше целта, ништо повеќе“ – вели Кан кој најавува дека наскоро повторно ќе биде на директорска позиција на голем европски клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА