Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти (45) и водителката Илари Блази (41) одлучија да се разведат по 17 години брак.
Според италијанските медиуми, гласините за раскинување започнаа кога Илари не се појави на прославата на неговиот роденден во септември 2021 година. Не долго потоа исчезнаа и нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи.
„Во последните неколку часа прочитав толку многу работи за себе, а особено за моето семејство. Не е прв пат да ја слушнам оваа лажна вест. Апелирам до сите кои го пишувате сето ова да внимавате бидејќи се работи за деца, а децата треба да се почитуваат. Искрено, навистина ми е доста од тоа да негирам“, рече тогаш.
Двојката беше заедно 20 години, а се венчаа во Рим во 2005 година. Илари и Франческо имаат три деца: Кристијана, Шанел и Изабел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА