По 28 години повторно ќе се игра локалното дерби во Втората фудбалска лига: Вардарски-Кожуф

Постарите љубители на фудбалот во Гевгелија и Богданци сигурно се уште се сеќаваат на  големото дерби во јужниот дел на Македонија меѓу лутите ривали Вардарски и Кожуф во Првата и Втората лига на Македонија. И двете екипи во поранешна Југославија имаа силни состави со познати фудбалери и тренери. Беше тоа пред повеќе години. Денес ситуацијата е сосема поинаква. Кожуф одамна е далеку од Првата лига, Вардарски, откако  во 1997 година испадна од Втората лига-исток, едно време речиси и не постоеше, но благодарејќи на ангажманот на градоначалникот  Благој Шапов и група ентузијасти, повторно заживеа и по неколу години таворење во Третата лига-исток успеа да се избори одново за второлигашкиот статус.

И точно, по 28 години, денес е  повторно голем фудбалски празник во Богданци, одново ќе се игра големото дерби меѓу Вардарски и Кожуф во рамките на  Второто коло  на единствената Втора лига на Македонија во годинашново првенство. Последен пат за првенство на Втората лига-исток Вардарски и Кожуф играле  во Богданци на на 8 октомври 1996 година  кога Кожуф со головите на Ристо Танев, денес спорски директор на гевгелискиот клуб и Тони Ангелов победил со 2:1. Таа сезона 1996/97 Кожуф се спаси од испаѓање под Втората лига-исток, испаднаа Дојранско Езеро, Вардарски и Карпош, додека Борец од Велес го освои првото место и се пласира во Првата лига, заедно со Скопје, првакот на Западната група. И во пролетната сезона, овојпат во Гевгелија Кожуф исто така победи, сега поубедливо со 4:0.

Успеавме да ги пронајдеме и имињата на фудбалерите на двете екипи кои играа на  натпреварот во Богданци пред 28 години. Сигурно ќе бидат интересни за постарите љубители на фудбалот кои можеби и го гледале овој меч или пак нивните поранешни средби.

За Вардаски играле: Ников, М.Димов, Марков /Милковски/, Терзиев, Тенекеџиев, Василевски, Петров, Чавдаров, Граматиков, Ампов /Мачковалиев/ и Шапов, сегашниот градоначалник на  Богданци. Тренер бил Славе Крстев, сегашниот претседател на Општинскиот фудбалски сојуз на Валандово и член на Управнит одбор на ФФМ.

Пронајдовме и фотографија на екипата на Вардарски од таа сезона 1996/97 година која ја објавуваме, ни ја испрати Атанас Стамнов, жива легенда на фудбалот во Богданци.

М.М.

Се вчитува...