Откако и официјално доби право да ја претставува Македонија на меѓународна сцена, Андреас Трајковски-Соренсен (28 години), Данец со македонско потекло, кој и од неодамна доби македонско државјанство, го урна државниот рекорд во скок во далечина стар речиси три децении.
Трајковски изминатиот викенд, на отвореното првенство на Данска, прескокна 7,33 метри, што е драстично подобар резултат од досегашното најдобро остварување на Тони Дамчески, кој во 1995 година имаше скок од 7.13 сантиметри.
Андреас, кој е роден во Копенхаген, на првенството настапи и во трката на 60 метри, каде што во финалето постави резултат од 6,97 секунди со кој дојде до четвртата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА