По 37 години Њукасл Јунајтед го менува грбот

Њукасл Јунајтед, англискиот премиерлигаш кој неодамна се закити со трофејот во Лига купот се одлучи за непопуларен потег да го промени грбот кој го одбележува клубот во последните 37 години.

Како што велат од клубот од северот на Англија, одлуката за промена на грбот кој датира од 1988 година не е лесна, но веруваат дека фановите на кои Њукасл Јунајтед им е во срцето ќе помогнат во новиот избор.

Со тоа Њукасл Јунајтед ќе го продолжи трендот кој не беше популарен во последните години. Како потсетување промена на грбот доживеаја и Јувентус, Астон Вила, Фиорентина, Интер…, но фановите на овие клубови не беа задоволни од истите.

Се вчитува...