Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид одиграа интересен и возбудлив меч кој заврши без победник 1-1. Со тоа Атлетико и натаму се „раздава“ со бодови, и полека се исклучува од битката за титулата со водечките Барселона и Реал Мадрид.
Со многу среќа Атлетико го „преживеа“ првиот дел, со оглед дека во финишот си постигнаа автогол преку Сорлот, кој на крајот беше поништен поради офсајд.
Сепак, Атлетико прв поведе во 50. минута со голот на Сорлот, на асистенција на Џовани Симеоне. Радоста на гостите траеше само пет минути, откако Гуедеш успеа да израмни.
До крајот неизвесна завршница во која најпрво Сосиедад се закани, но Облак беше одличен. Во финишот Атлетико преку Гризман можеше да ги освои трите бода, ама неговиот удар го одбрани Ремиро, и така пропадна можноста некој тим да дојде до победа. Солер во последните секунди од мечот имаше прекрасена шанса, но топката „профуче“ крај дирекот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

