По бод за Рома и Фиорентина, „волчицата“ го заврши мечот со 9 играчи (ВИДЕО)

Интересен натпревар во Рим, каде што Рома и Фиорентина одиграа без победник 1:1. Рома водеше уште од 5. минута од средбата, потоа се повреди Дибала, па „волчицата“ остана со играч помалку, а потоа и без два.

Лукаку во раната фаза од мечот му донесе предност на домашниот тим. Во 64. минута Залевски доби црвен картон, и му овозможи на гостинскиот тим да дојде до израмнување. Тоа го искористи преку Мартинез Куарта во 66. минута. 

Во финишот на средбата мечот се разгоре, па по еден остар старт и Лукаку во 87. минута доби исклучување, па Рома остана со девет во поле. Сепак, Фиорентина тоа не успеа да го искористи и да дојде до трите бода. Рома успеа да се одбрани и да дојде до бод.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...