Штутгарт за малку од сигурна победа, на крајот ќе запишеше пораз од Унион Берлин на домашен терен, на крајот мечот заврши без победник 1-1. „Швабите“ имаа предност до самиот финиш, кога гостите не само што израмнија, туку имаа и супер шанса за да дојдат до пресврт.
Унион во 13. минута преку Илиќ имаше одлична прилика, ама топката заврши само во стативата. Ундав во 37. минута можеше да ги донесе домаќините во предност, меѓутоа шутираше за малку непрецизно.
Во 59. минута Штутгарт поведе. Фирих од работ на шеснаесетникот упати прецизен удар кој заврши во долниот лев агол за предност. Штутгарт можеше и до 2-0 по шансата на Штилер кој шутираше за малку над пречката.
Во 88. минута Јеонг израмни по една добра акција на гостите. Во 88. минута истиот играч шутираше од прва, но одличната одбрана на Нубел не дозволи на крајот гостинскиот тим да слави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

