По бурните денови и казната од минус 15 бода, Јувентус ремизираше (3-3) со Аталанта во 19. коло од Серија А.
Во повеќе од драматичен натпревар, Аталанта поведе уште во 4. минута со голот на Локман.
Но, Јувентус уште во првото полувреме успеа да дојде до пресврт и со головите на Ди Марија од пенал во 25. минута и Милик во 34. минута поведе со 2-1.
Сепак, во мечот со бројни пресврти, потоа следеа два гола на Аталанта во 46. и во 53. минута за водство од 2-3, за да Данило во 65. минута донесе конечни 3-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА