И покрај поразите во баражите за пополнување на Втората македонска фудбалска лига, екипите на Осогово и Големо Коњари ќе бидат второлигаши во сезоната 2025/26, одлучи денешната ждрепка во ФФМ.
Поради напуштањето на Првата лига од страна на Воска спорт и на Гостивар, кои директно се селат во најнизок ранг на натпреварување, две места дополнително беа ослободени за второлигашката конкуренција кои, согласно правилникот, се пополнуваат со ждрепка од трите екипи поразени во баражите за пополнување на ВМФЛ. А, ждрепката меѓу екипите на Осогово, Големо Коњари и Преспа, одлучи Осогово и Големо Коњари следната сезона да бидат дел од второто по квалитет домашно клупско натпреварување.
Претходно, како што е познато, Беса најпрво соопшти дека исто така нема да се натпреварува во Втората лига, но вчера од клубот информацијата дека Беса ќе биде дел од второлигашката конкуренција без разлика на откажувањето од спонзорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

