Денешните натпревари ни донесоа уште пет тима кои осигураа пласман меѓу шеснаесетте најдобри во Лигата на шампионите. Манчестер сити, Пари Сен Жермен, Реал Мадрид, Интер и Спортинг Лисабон им се придружија на Ливерпул и Ајакс во овој горен дел од групната фаза во елитното натпреваравуње кои уште од минатата рунда го потврдија пласманот во осминафиналето.
Од групите од А до Д останува уште една дилема Атлетико Мадрид, Милан или Порто кој ќе биде последниот патник во нокаут фазата.
Кога е во прашање долниот дел од групите во Лигата на шампионите сигурен пласман во осминафиналето имаат Баерн Минхен, Манчестер јунајтед Челси и Јувентус, а во дури три групи се уште не се знае кои ќе поминат во елиминациската фаза. Во Е сегментот за местото зад Баерн се борат Барселона и Бенфика. Во Ф групата Аталанта и Вилјареал во меѓусебен дуел ќе одлучуваат за пласман понатаму, а во Г групата буквално сите тимови (Лил, Салцбург, Севилја и Волфзбург) може да се надеваат за поминување на првата рунда во елитата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА