По десет дена убедувања, тензии и перипетии, Богдан Богдановиќ конечно и официјално има нов клуб. Од следната сезона српскиот репрезентативец ќе игра за Атланта хоукс потпишувајќи четиригодишен договор вреден 72 милиони долари.
Богдановиќ беше во центарот на најголемата контроверза во преодниот рок во НБА лигата откако минатата недела Сакраменто договори трејд кој требаше да го испрати во Милвоки. Но, поради неговиот договорен статус немаа право на таква размена. Милвоки силно го посакуваше во своите редови, но сето тоа пропадна.
Уште пред шест години Богдановиќ како 27. пик на драфтот беше избран од Феникс, но остана во Европа додека не ја освои Евролигата со Фенербахче во 2017 година. Летото 2016, Феникс правата на српскиот кошаркар ги размени со Сакраменто каде во три години покажа дека е навистина одличен кошаркар, со 13,5 поени, 3,2 скока и 3,5 асистенции во просек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА