По девет години Стефан Савиќ го напушта Атлетико Мадрид

По девет години Стефан Савиќ го напушти Атлетико Мадрид, клубот во кој стана една од легендите, клубот во кој во тој период учествуваше во неверојатни успеси. Со мадридскиот тим Савиќ стана шампион на Шпанија, ја освои Лигата на Европа, Суперкупот на Европа… Нов клуб на најдобриот црногорски фудбалер во моментов ќе биде турскиот Трабзон, потврди Фабрицио Романо.

Савиќ потпиша тригодишен договор со седумкратниот шампион на Турција, па на брегот на Црното Море треба да остане до 2027 година. Романо додава дека искусниот стопер неделава ќе оди на лекарски преглед, по што и официјално ќе биде промовиран во нов играч на тимот предводен од Абдула Авџи.

Савиќ е роден во Мојковац во 1991 година, а играше за БСК Борча, Партизан, Манчестер сити и Атлетико Мадрид.

Се вчитува...