Поранешниот македонски младински репрезентативец, Ѓорѓи Стоилов својата кариера ја продолжува во албанскиот суперлигаш Билиш.
Претходно албанскиот тим го промовираше во своите редови и дефанзивецот Диме Димов, а денеска официјална промоција во клубот и за 30-годишниот Стоилов. И двајцата се соиграчи од времето на настап во Хоризонт Турново.
Стоилов досега во кариерата настапуваше и за Македонија ЃП, Шкупи, АП Брера како и за азербејџанската Зира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

