По долга борба Калин Ивановски поразен на АТП Челинџерот во Сан Марино

Македонскиот тенисер Калин Ивановски, по долга борба во три сета, загуби во првото коло на АТП Челинџер 125 турнирот, кој за награден фонд од 181.250 евра се игра во Сан Марино.

Ивановски загуби од третиот носител Матео Гиганте од Италија, кој победи со 2-1 во сетови, 6-7(10), 6-3 и 6-3) за нешто помалку од два часа игра.

Македонскиот тенисер за победите во квалификациите и пласманот на главниот турнир ќе добие пет поени.

Се вчитува...