По два дебакли, Ал Наср и Роналдо му „покажаа заби“ на ПСЖ

Ал Наср и ПСЖ ремизираа денеска без голови на пријателскиот натпревар кој се одигра во јапонска Осака.

По двата претходни дебакли против Селта (0-5)  Бенфика (1-4) сега Ал Наср од Саудиска Арабија конечно одигра солиден меч „покажувајќи заби“ на ПСЖ.

Секако, во центарот на вниманието беше Кристијано Роналдо кој имаше извонредна шанса во првото полувреме но не успеа да постигне гол.

За ПСЖ ова е втор подготвителен меч. Во Јапонија се без Килијан Мбапе, Нејмар се уште се опоравува од повредата иако е со екипата, па Луис Енрике во следниот период ќе треба да ги склопи сите „коцкички“ во редовите на францускиот шампион.

Се вчитува...