По двата црвени картони Мурињо со еден потег ги изненади сите (ВИДЕО)

Во последниот натпревар од 15. коло во италијанското првенство Рома и Фиорентина одиграа нерешено со 1-1. „Волчицата“ прва поведе преку Лукаку уште во петата минута, но тимот од главниот град на Италија на крајот може и да биде задоволен со бод бидејќи во текот на средбата остана со два играчи помалку.

Прво во 64. минута втор жолт картон заработи Залевски, а две минути подоцна следуваше и изедначувањето на 1-1. Вториот црвен картон го заработи Лукаку по остар старт во 87. минута, но Фиорентина не успеа да го најде решението за втор гол.

Голема заслуга за тоа имаше и Жозе Мурињо кој реагираше на несекојдневен начин. Португалскиот стартег на харија нацрта формација во која сака да игра неговиот тим, а задачата да ја пренесе со голманот Руи Патрисио му припадна на собирачот на топки.

Се вчитува...