Младите македонски ракометари фатија добар ритам на СП (У21) во Алжир. Со Русија го скршија мразот, со Буркина Фасо завршија на +28 (20-48) и ја запишаа втората победа која веќе им ја отвара вратата за пласман во втората осминафинална фаза на СП.
И втората победа на младинскиот мундијал избраниците на селекторот Илија Темелковски ја овековечија со победничко селфи. Победничката поза добро им стои, па серијата може да продолжи и во наредните три натпревари.
Утре младинците ги очекува дуелот со Тунис, а Македонија го чека и третото селфи со кренати тупанци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА