По еден гол и еден бод за Јувентус и Аталанта во Торино

Јувентус и Аталанта одиграа нерешено 1-1 во петото коло во италиајанската Серија „А“ на мечот одигран во Торино. Иако имаше негатива, на крајот Јувентус можеше да стигне и до победата, со оглед дека го заврши мечот со играч повеќе на теренот.

Сулемана по една одлична акција успеа да донесе предност за Аталанта во последните секунди од првиот дел.

Јувентус не играше добро во вториот дел, но дојде до израмнување во 78. минута преку Кабал. Меѓутоа неочекувано, домашниот тим се најде во ситуација и да брка победа, затоа што само две минути после израмнувачкиот гол, Аталанта остана со играч помалку на теренот по исклучувањето на Де Рон.

Напаѓаше домашниот тим до крајот, меѓутоа не успеа да стигне до втор гол и до радост.

Се вчитува...