По една година пауза: Еспањол се врати во Ла Лига

Каталонците имаат причина за славје откако Еспањол се приклучи на Барселона во елитното шпанско фудбалско друштво, обезбедувајќи влез во Ла Лига една година по испаѓањето од ова натпреварување.

Еспањол во баражот беше поуспешен од Овиедо, на првиот меч загуби на гостински терен со 1-0, но вечерашниот триумф од 2-0 пред своите гледачи значеше и огромна радост за „сино-белите“ од Барселона, кои експресно се враќаат во Ла Лига.

Пуадо беше херојот на каталонците на овој меч, истиот фудбалер постигна два гола, првиот во 44. минута, вториот во 47. минута од првото полувреме, со што го испрати својот тим во елитното шпанско фудбалско друштво.

Претходно, влез во Ла Лига обезбедија и екипите на Леганес и на Валјадолид. Од првата лига на крајот од оваа сезона испаднаа екипите на Кадиз, Алмерија и Гранада.

Се вчитува...