Претставниците на клубовите, судиите и претстаниците на Кошаркарската федерација на Македонија денеска одржаа итен состанок со цел надминување на кризата која ја зафати македонската кошарка со бојкотирање на првенствата поради неисплатени долгови.
Со оглед на тоа што засегнати од ситуацијата не се младинските категории, второлигашите, третолигашите и прволигашката женска кошарка, односно тие ги имаат подмирено долговите, прифатен е ставот на претседателот на здружението на второлигаши, Благоја Кечовски за неоправдан штрајк во овие категории кои се очекува да продолжат наредникот викенд со тоа што натпреварите би биле одиграни во сабота, ден пред празникот Велигден.
Одлука за продолжување на натпреварите во плеј-офот и плеј-аутот од Првата лига ќе биде донесен по состанок на Здружението на судии. Постои расположение за продолжување на натпреварите со оглед на тоа што исплатени се дел од парите од страна на федерацијата, а има и најави за исплаќање на останатите средства.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА