Шкендија по три европски натпревари ова лето со две победи и едно реми, и гол разлика од 6-3…
Се научија тетовци со два голови на секој европски натпревар, па така беше и денеска во Рига во победата од 1-2 против летонската Валмиера.
По ерменскиот Арарат во првото квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, Шкендија сега ги реши и Летонците, на добар пат да се избори за трета рунда натпревари. Избраниците на Артим Шаќири одиграа квалитетен натпревар кој, според прикажаното и шансите, можеа да го завршат и со поубедлива победа. Но, најважно е што со предност, како што посакуваа и најавуваа, се враќаат во Македонија пред реваншот за седум дена…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА